Марго Роби со шотови текила ја „убивала“ нервозата на снимањето на жешките сцени со Ди Каприо/ВИДЕО

288

Една од најплатените актерки во Холивуд, Марго Роби призна дека била многу нервозна додека ги снимала секси сцените со Леонардо ди Каприо во филмот „Волкот од Волстрит“.

Марго, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, откри дека била многу нервозна додека ги снимала сцените со Лео, па решила да се опушти со неколку чашки алкохол.

– Нема да ве лажам, испив неколку шотови текила пред да ги снимаме сцените на подот. Бев многу, многу нервозна“, рече Роби во интервју за BAFTA: A Life in Pictures – нагласувајќи дека наспроти тоа што можеби изгледала самоуверена, не била.

За време на снимањето, Роби имала само 22 години, а нејзиниот партнер Ди Каприо 15 години постар. Станува збор за сцена која се одвива во детска соба каде Роби, која го толкуваше ликот на сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Ди Каприо покажувајќи го нејзиното голо меѓуножје.