Манчини останува италијански селектор до 2026

17

Роберто Манчини го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ) и останува селектор на „азурите“ до 2026 година.

  • Сакавме да му овозможиме континуитет во работата, изјави претседателот на ФИЦГ Габриеле Гравина, потврдувајќи за локалните медиуми дека Манчини останува на селекторското место.

Италијанскиот тим под водство на Манчини против Турција во Рим ќе го одигра премиерниот натпревар на претстојното Европско првенство, што започнува на 11 јуни.

Гравина истакна дека целта на Италија е да ја освои европската титула, но оти тоа не би било приоритет во преговорите со Манчини.

  • Нашата желба е да водиме сметка и за надежите на италијанските навивачи. Сега сакаме да го освоиме трофејот што со години ни недостасува и мораме да се истакнеме. Сепак, не треба има претерано размислување ако тоа не се случи, бидејќи на крајот победува само еден тим, додаде Гравина.