Манчестер Сити го продолжи договорот со капитенот Фернандињо

30

Капитенот на Манчестер Сити, 36-годишниот бразилски фудбалер Фернандињо, потпиша нов едногодишен договор и ќе остане во клубот до лето 2022 година, соопшти англискиот шампион.

Фернандињо дојде во Сити во 2013 година од украински Шахтјор и за осум сезони одигра 350 натпревари во сите натпреварувања, освојувајќи, притоа, четири шампионски титули и шест трофеи во Лига купот.

  • Како што во моментов размислувам, мојата работа сè уште не е завршена. Затоа одлучив да останам уште една година и да се обидам да им помогнам на екипата и клубот да ги остварат своите зацртани цели, изјави Фернандињо.
  • Ќе бидам најсреќниот човек на светот доколку успеам да им помогнам да напредуваат да станат уште подобри и да играат подобро, на ист начин како тоа што досега го правев, предводејќи ги на теренот и надвор од него, додаде капитенот на англискиот првак.