Фудбалскиот свет е потресен од последната вест што пристигна од Германија. Имено, германската јавност беше преплавена со шпекулации дека односот на Мануел Нојер со хрватскиот тренер Тони Тапаловиќ е многу повеќе од пријателски.

На социјалните мрежи кружат пораки што наводно ги испратил извор близок до Баерн. Во пораките се зборува за наводна геј-афера на Нојер со Тапаловиќ и дека тие веќе подолго време се во тајна врска. Сè излезе на површина кога доби Хрватот отказ од Баерн, а Нојер проговори за тоа.

  • Тоа е голем удар за мене. Сè се случи сосема неочекувано. Беше големо изненадување и за Тони. Не разбирам зошто се случи тоа, тешко ме погоди. Ова е, можеби, најбруталната работа што сум ја почувствувал во кариерата, како некој да ми го откорна срцето – изјави Нојер по отказот на Тапаловиќ.

Сега почнаа да се појавуваат детали за оваа афера.

Тони Тапаловиќ и Мануел Нојер се запознаа во периодот кога бранеа двајцата за Шалке. Во тоа време, младиот Нојер се бореше за позицијата прв голман, а во Гелзенкирхен беа неразделни. Кога пристигна во Баерн во 2011 година, Нојер имаше необично барање – со себе да го земе и Тапаловиќ, кој во меѓувреме му стана тренер. Така Хрватот пристигна во Минхен.

Најинтересно од сè е што никој не го видел Тони Тапаловиќ со девојки, но има сопруга и дете што го крстил по Нојер. За ситуацијата да биде уште покомплексна, Мартина Тапаловиќ не живее во Германија со Тони, туку во Загреб заедно со синот Емануел.