Џуди Мареј, мајката на двајцата успешни тенисери Енди и Џејми Мареј, откри дека пред осум години имала сексуален напад.

Таа е тениски тренер и долго време ги тренирала своите двајца синови, а сега едниот од нив отворено го раскажа шокантниот настан за еден шкотски весник.

  • Мојот брат, Џејми, знаеше за инцидентот, јас не. Мајка ми ми испрати порака да ме извести дека ќе напише статија за тоа и, секако, многу ми беше жал за неа – изјави Енди Мареј.

Џуди откри дека била нападната на гала-вечера во многу реномирана образовна институција.

  • Бев многу лут, но и не знаев што да кажам. Секако, ѝ пратив порака на мајка ми, таа се јави следниот ден да разговараме и да се увериме дека е добро. Секако, тоа е добро позната приказна за многу жени и таквото однесување никаде не би се толерирало – додаде Енди Мареј.

Џуди Мареј откри дека високиот функционер ја ставил раката на нејзиното колено, а потоа почнал да ја движи кон меѓуножјето, односно под нејзиното здолниште. Сето ова се случувало за време на вечерата по доделувањето награди пред осум години.