Манифестација „Дарови од природата“ во Куманово

170
Во Куманово, денеска се одржа манифестацијата „Дарови од природата“ на која одгледувачите и собирачите на ароматични, зачински и лековити билки имаа можност да се едуцираат преку предавања, работилници на кои зборуваа стручни лица. Настанот го организираше Комората на органски производители со поддршка на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Целта на оваа манифестација е да се претстави и презентира улогата на зачинските, ароматичните и лековити билки и растенија. Стручните лица пред одгледувачите и собирачите пренесоа искуства и добри практики

 

На работилницата учествуваат и нашите партнери од Словачка. Целта е одгледувачите и собирачите да научат правилно да ги собираат билките, дел од нив да се култивираат, особено сега во ова време на Ковид 19, изјави Драган Цветковиќ, претседател на Комората.

Проф. др. Зоран Димов од УКИМ, од Факултетот за земјоделски науки и храна, кој ја третира проблематиката на култивирано одгледување, вели дека на денешното предавање ќе се осврне и на економската корист од плантажното одгледување на производителите и задоволување на потребите на индустријата.

Тој појаснува дека и во државата и во Европа и светот, пазарот се задоволува од собирање на дивата флора, но дека индустриите, фармацевтска, козметичката и прехранбената сѐ повеќе бараат стандардна суровина, со изедначен квалитет, со  активни материи, поради кои растителната суровина се користи и се преработува.

Дел од ова предавање кои се предизвиците на земјоделските производители, на фармерите на локалните собирачи на лековити растенија да почнат во иднина да размислуваат од овој начин на собирање од дивата флора, нивно преориентирање кон култивирано одгледување и со кои предизвици можат да се соочат, едноставно предности и маани на едниот и другиот начин, со цел фармерот да биде задоволен од економски аспект и да се задоволат потребите на индустријата, вели Димов.

Во вториот дел, Комората на органските производители одржа годишно собрание.

Извор:МИА