Мане распиша оглас за каква жена сака

167

Најдобриот сенегалски напаѓач на сите времиња и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Садио Мане, ги откри сите критериуми кои се пресудни кога е во прашање изборот на жената со која сака да се ожени. Бомбардерот на „црвените“ откри дека често пати е прашуван зошто се уште не е оженет, а најчесто тоа прашање му е поставено од понежниот пол.

Најдобриот африкански фудбалер за изминатата сезона потврди дека бара девојка која не е активна на друштвените мрежи, која го почитува Господ и добро се моли.

  • Голем број на девојки ме имаат прашано зошто се уште не сум оженет. Мене ми е жал затоа што губат време на оваа тема. Девојката која ќе ја оженам нема да биде активна на социјалните мрежи (ТикТок, Фејсбук, Инстаграм, Твитер). Сакам да оженам жена која го почитува Господ и која добро се моли, откри Мане кој е познат и како побожен муслиман.

Освен по тоа дека бара жена за да ја ожени, напаѓачот на Ливерпул во изминатиот период е актуелен и поради неговата желба да си замине од „Енфилд“ и да потпише за германскиот гигант Баерн (М). Британските медиуми открија дека Мане веќе ги има договорено личните побарувања со раководните лица на баварскиот гигант но двата клуба се уште не постигнале договор околу обештетувањето кое нема да биде помало од 30 мил. евра.