Мане за 0 евра

128

И каталонскиот гигант Барселона со посебно внимание ја следи ситуацијата околу сенегалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Садио Мане. Крилниот напаѓач има договор со „црвените“ до 30. јуни 2023 година, а како што информираат шпанските медиуми Барса сака да го донесе на „Ноу Камп“ како слободен фудбалер. Голем интерес за услугите на Мане покажуваат и челниците на Баерн (М).