Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица ја одбележува втората манастирска слава

67

 Манастирот „Свети Георгиј Победоносец”, во дебарското  село Рајчица, ја одбележува втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден.

Празнувањето на оваа манастирска слава е врзана со денот кога пред две децении почнало возобновувањето на конаците на дотогаш запуштениот манастир.

Спорд сестра Ефимија од раичкото сестринство, симболиката на тој ден е уште поголема бидејќи, според преданието,токму на Крстовден биле поставени и темелите на стариот манастир.

Одбележувањето почнува вечерва со свечена и празнична вечерна богослужба, а на која на крај проследен од стиховите на празничниот тропар и раскошно украсен со цвеќе, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното дрво и потоа повторно внесен во олтарот.

-Утре во 7:30 часот ќе започне утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир. По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред живоносното и спасително дрво на нашиот Господ Исус Христос, додава сестрата.
Во 8:45 часот ќе започне света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува епископот Антаниски, г. Партениј.
Според сестра Ефимија, поради постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во Раичката обител, ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание, носење на заштитни маски и ограничување на бројот на присутни.