Ракометарите на Веспрем,  славеа во првиот четврфинален натпревар во Лигата на шампионите, против Алборг со 36:29 (17:16). Со оваа победа унгарскиот тим направи голем чекор напред кон пласман на нов фајнл – фор. Треба само да ги одбрани седумте голови предност на реваншот за една недела во Данска.

На овој натпревар кам-бек на ракометните терени имаше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој даде и еден гол. Македонскиот репрезентативец на своето враќање на терените стрелаше првпат во 37. минута, а имаше и уште еден обид но не успеа да реализира. Најдобар стрелец на мечот беше Гаспер Маргуч со седум реализации, додека Јул Ласен од Алборг даде шест.

Екипата на Киелце во вистинско време и на вистински начин му се одмазди на Монпелје за трите последователни порази во меѓусебните дуели и во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, среде Франција, славеше со 31:28 и е на чекор до до ново учество на завршницата во Келн.

Ракометарите на полскиот гигант не дозволија пеколната атмосфера на трибините да влијае на нивната игра и во првиот дел на крилата на Алекс Душебаев, на пауза заминаа со позитива од четири гола. Сепак, во вториот дел Монпелје успеа да го сопре налетот на противникот и влезе во посакуваниот ритам. Тоа донесе израмнета игра, многу борба на паркетот и намалување на негативатана само еден гол. Но полскиот шампион имаше одговори и за тоа и со моќна завршница се избори за голема победа од три гола разлика.

-Не сакам дда ни честитаат за победата, затроа што знаеме дека ништо не значи победата на гостински терен. Поточно не значи дека сме се квалификувале за настапот на Ф4 во Келн. Го респректираме Монпелје , но мора да си ја завршиме и домашната работа, изјави тренерот на Киелце, Талант Душебаев.

Алекс Душебаев со седум и Каралек и Кулеш со по четири гола беа најпрецизни во таборот на Киелце, додека за домашниот тим прв стрелец беше Деска со пет погодоци.