Манасков: Прогласувам енергетска вонредна состојба во државата!

855
Претседател на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков прогласи енергетска вонредна состојба во државата.
-Ја повикувам Владата да преземе сериозни чекори во однос на моменталната состојба која ќе следи и притоа сите граѓани, компании и лиценцирани снабдувачи и трговци на електрична енергија ќе претрпат огромни финансиски штета. Неочекуваното поскапување на берзата на струја, ќе ги банкротира сите лиценцирани снабдувачи во државата, а граѓаните и компаниите ќе бидат финансиски казнети. Ја замолувам Владата на сериозност во преземање веднаш мерки и активности, со цел да се избегнее оваа економска финансиска криза која ќе ја зафати цела Македонија, напиша на фејсбук претседателот на СКЕМ, Ѓорѓи Манасков.