Унгарски ракометен шампион Веспрем, славеше на првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите со 28:24 и тоа на гостувањето кај Нант.

На триумф се радуваше Дејан Манасков, против најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Крилото играше во второто полувреме и постигна пет гола од шест обида, наспроти Лазаров кој имаше пет гола од вкупно девет шута.

На вториот натпревар Фленсбург по голема драма минимално со 31:30 славеше над полскиот првак Киелце. Човек на одлука беше Согард Јохансен кој погоди во последната секунда. Најефикасен кај победникот беше Род со шест гола, а кај Киелце, Кулеш реализира осум пати.

Словенечккиот Целје, пак на домашен терен беше поразен од Алборг со 31:29.