Малолетничката која пред неколку дена го роди и го остави бебето во трева покрај тротоар во скопската населба Топанско Поле ке одговара кривично.

Како што информираа од МВР против А.А (17) од Скопје е поднесена кривична пријава за  „напуштање немоќно дете “.

Таа, во вторникот околу 11.00 часот на булевар „Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето,  било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

По наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето. После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.