Малолетник украл пари од книжарница во центарот на Скопје

51

Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 9:55 часот во Градскиот трговски центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека вчера во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари.

Со малолетникот, како што информираа денеска од МВР, бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.