Соиграчите го обожаваат српскиот кошаркар Никола Јокиќ, но и родителите на неговите колеги од тимот на Денвер, истот така го обожаваат. Еден од младите момци кој многу да научи од српскиот центар е Мајкл Портер Јуниор. Крилниот кошаркар кој сезонава по повредите успеа да се врати на терените игра одлично, а сега проговори и неговиот татко.
Мајкл Портер Сениор играше кошарка и на Универзитетот во Њу Орлеанс, а потоа работеше како тренер. Сега тој е задолжен за развој на млади играчи на колеџ, а на Твитер напиша колку Никола Јокиќ значел за развојот на неговиот син:

„Мајкл беше до Никола Јокиќ секој ден и тоа беше клучно. Тој имаше огромно влијание врз мојот син, но и врз сите млади момци во таа соблекувална и вреди многу повеќе од тој супер-макс договор што го има. Тој е показател за како изгледа одличното воспитување. Неговите родители мора да бидат горди на него“. изјави Мајкл Портер Сениор.

Тој сигурно знае многу за родителството, бидејќи е татко на осум деца: Бри, Сиера, Мајкл, Џонта, Кобан, Џевон, Исак и Џејд. Бри и Сиера играа кошарка, како и Мајкл и Џонта, но само Мајкл професионално почна да се занимава со овој спорт и од 2018 година игра за Денвер.

А договорот за кој зборува е супер макс договор со кој Јокиќ вети лојалност на Денвер Нагетс во следните пет сезони. За тоа време ќе добие 270.000.000 долари, а во првата сезона по потпишувањето ги предводеше Нагетс до финалето.