Малком остана пуста желба

70

Шпанските медиуми открија дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал се обидувал до последниот момент да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Малком. Популарните “топчии” испратија неколку официјални понуди за време на зимскиот преоден рок, но сите беа одбиени од страна на Барса со образложение дека крилниот напаѓач не за продажба, ниту за позајмица.

Сепак, Арсенал и Барселона најдоа заеднички јазик околу крилниот напаѓач Денис Суарез која до крајот на актуелната сезона ќе настапува како позајмен играч на “Емирати”.