Немојте да ја фркате кората од портокал, бидејќи може да ја употребите во домаќинството на најразличен начин. на пример за чистење на дрвени површини, или отстранување на напријатниот мирис на фрижидерот.

Преку кората портокал посипете малки сол, па ставете ја во фрижидер да отстои додека не ги впие непријатните мириси, но и влагата, Кога ќе стане влажна повторете ја постапката.

Кората од портокалот ефикасно ги чисти и дрвените површини, кои после тоа би биле многу сјајни, а покрај тоа во вашиот дом ќе се чувствува пријатен мирис.

Ставете кора од портокал во тегла и прелијте ја со оцет. Оставете ја да отстои две недели, а потоа ќе имате целосно природно и нетоксично средство за чистење.

Течноста исцедете ја и ставете ја во шише со распрскувач и почнете да чистите. Освен дрвени површини, со оваа течност се чисти и каменец.

Кората од портокал можете да ја ставите и во вашите ормари со облека. Откако претходно ќе ја завиткате во некоја памучна крпа, слобдоно оставете ја на некоја од полиците. Вашиот плакар ќе мириса прекрасно.