Светски познатите глумици Мерлин Монро, Грејс Кели или Софија Лорен се синоним за убавина. Сите посебни на свој начин, а интересот за нив никогаш не престана. Напротив. За нив се зборува и денес, а тајните на нивната убавина секогаш се предмет на интерес. голем.

Грејс Кели

Поранешната актерка и принцеза на Монако, Грејс Кели, дефинитивно е една од најубавите жени на светот. Таа беше кралица на контурирањето пред тоа да стане популарно зошто уштер тогаш користеше две руменила, потемно и посветло и на тој наќин ги истакнуваше јагодиците на нејзиното мице. Шминката секогаш и беше совршена, знаеше да ги прикрие недостатоците и да ги истакне добрите страни.

Мерилин Монро

Позната по својата убавина, црвените, сензуални усни и заводливиот изглед, но и по својата совршена фигура. Телото на Мерлин Монро во форма на песочен часовник 90-60-90 стана идеален изглед на женското тело. Исхраната главно и била протеинска. Веднаш по будење, пред туширање пиела чаша млеко во која додавала две матени јајца. Тоа бил нејзиниот секојдневен ритуал.

Софија Лорен

Најпознатата италијанска убавица од филмот Софија Лорен, беше симбол на сексапил и природна убавина. Вели дека за нејзината фигура се заслужни пастите, а Софија со личен пример ни покажа како уживањето во животот и храната не прават да блескаме. Софија со редовна хидратација ја одржуваше својата кожа мека, а за да ја задржи влажноста во кожата, одвреме-навреме практикуваше купки со маслиново масло.