Малер си е малер – Тошо малерот има оштетен автомобил

1397

Од силниот ветер кој пред некој ден го разнесе Скопје, настрада и автомобилот на популарниот Васко Тодоров кој, инаку, сите го знаеме по прекарот Тошо Малерот. И навистина како во филмовите: малер си е малер, па како жив малер на Тошо автомобилот му отиде јабана. Врз него се одрона фасада во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што живее Тодоров. Сега што друго освен да си го однесе автомобилот на поправка, па доколку е осигуран, тоа ќе му биде спасоносна околност. Наравоучение: не паркирајте ги вашите четиритркални миленици веднаш до зградите, бидејќи фасадите на голем дел од реновираните скопски згради по се изгледа паѓаат како да се од стакло. Паѓааааат! Д.М./фото ФБ/