Малезиската влада со извинување за препораките до жените да не бидат саркастични кон своите мажи, ама средени и со кармин

137

Извинување на владата по пораката жените да не бидат многу саркастични кон мажите
Малезиската влада се извини откако Одделението за женски развој ги советуваше жените дома да работат нашминкани и да не малтретираат мажите во текот на пандемијата на вирусот корона.

Кампањата наиде на жесток одек и критика на социјалните мрежи.

Во Малезија се забележани повеќе од 2.900 случаи на вирусот корона, а 45 луѓе почиаа, според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, пишува Си-Ен-Ен.

Премиерот Тан Шри Мухјидин Јашин во февруари донесе низа далекусежни мерки со цел да се запре инфекцијата КОВИД-19, вклучително со строга контрола низ целата земја, со која се блокираат сите патувања во земјата и надвор од неа и строго се ограничува движењето во земјата.

Една од најголемите критики беше игнорирањето на загриженоста поради порастот на семејното насилство.

Инаку, малезиското министерство за социјална политика на Фејсбук објави низа упатства за жените кои работат од дома во време на карантин. Владата ги советуваше жените кога се дома да бидат убаво облечени, нашминкани и да се однесуваат како што се однесуваат на работа. Тоа опфаќа и љубезен разговор со мажите, а исклучува саркастични коментари или закачки.

Оваа објава предизвика гнев меѓу здруженијата за женски права во Малезија, кои го осудија таквиот потез на владата нарекувајќи го дискриминирачки и поразителен за општеството.

Извор:thehill.com