Популарната пејачка Северина, додека е на летување на далечните Малдиви, фалејќи се со сликите преку интернет како феноменално ужива, до тогаш оние кои не ѝ мислат добро, мошне дрско ја ограбиле. Нејзиниот убав стан во Загреб беше мета на дрзок грабеж без разлика на тоа што има најсовршени сигурносни брави. Крадците станаа махери за сè, па не за бравата од станот на Северина.

-Вие разбирате дека не можам да кажам ништо, им се обрати пејачката на новинарите. Посакувам само сите да сме живи и здрави. Се разбира, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам со тоа. Тие го украдоа „моето дете“ во мене. Моите спомени. Тоа е најлошото нешто што ми се случи. Работите имаат вредност, но можат да се надоместат. Изгубеното и украдено време без “моето дете“ никогаш не може да се надомести, изјави Северина (за„ Јутарњи лист”).

Иако е во интерес на полицијата деталите од истрагата да не бидат откриени, се покажало дека крадците чекале Северина и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ да го напуштат станот на подолго време. Сепак, според „Јутарњи лист“, тие не очекувале да ја најдат слугинката во станот, која на полицијата не може да им даде корисни информации бидејќи како во филмовите крадците молскавично избегале. Останува да се види што имаат забележано надзорните и скриените камери. Северина е во шок, па веднаш побарала итна лекарска помош која ѝ даде јаки средства за смирување. Д.М.