Старо-новиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, истакна дека ривалството со седумкратниот шампион и најголем ривал на патеката, Луис Хамилтон, е премногу големо поради што Британецот не сака дури ниту името да му го изговори.

Познато е дека во текот на минатата сезона двајцата имаа големи битки на патеките, честопати неспортски и надвор од доменот на фер-плејот, за да кулминираат во последните кругови од Големата награда на Абу Даби во која Верстапен славеше по скандалот со стјуардот Мајкл Маси.

Иако тие се едвај ривали оваа сезона, бидејќи Хамилтон имаше лоша сезона во која не можеше да му парира, тоа не значи дека секирите се закопани.

  • Луѓето ми велат дека кога зборува Хамилтон за мене – не го користи моето име. Отсекогаш ме учеле дека треба да имаш почит кон луѓето што постигнуваат резултати во спортот. Немам проблем со она што го направи Луис и, според мене, тој е еден од најдобрите на сите времиња – истакна Верстапен за британскиот весник „Дејли мејл“.