Макрон разговараше во Трамп за повлекување на американските сили од Сирија

39

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп за планот на Вашингтон да ги повлече силите од Сирија, соопшти Елисејскиот дворец.

– Во контекст на повлекувањето на американските војници од североисточна Сирија, претседателот на Републиката го нагласи значењето од тесна соработка меѓу членките на меѓународната коалиција за да се овозможи безбедност на сите наши партнери, стои во соопштението.

За време на телефонскиот разговор одржан синоќа, „францускиот и американскиот претседател ја повториле својата одлучност да постават црвена линија за користење хемиско оружје“.

Кон крајот на 2018 година Трамп нареди повлекување на војниците од Сирија, тврдејќи дека џихадистите од Исламска држава се поразени.

Франција беше меѓу првите европски земји кои се приклучија на воената коалиција против џихадистите.