Францускиот претседател Емануел Макрон го погоди точниот резултат на натпреварот помеѓу селекциите на Франција и Полска. Французите победија со 3:1 во осминафиналето благодарение на погодоците на Килијан Мбапе и голот на Оливие Жиру. Роберт Левандовски постигна гол за Полска.
- Мислам дека ќе победиме со 3:1! Левандовски ќе постигне еден како Мбапе и можеби Жиру кој сака да испише историја. Третиот гол на Франција може да го постигне џокер, изјави Макрон пред натпреварот во интервју за „Le Parisien“.