Макрон не е среќен за пензиската реформа, но не се кае

20

Францускиот претседател Емануел Макрон сака контроверзната пензиска реформа да стапи на сила до крајот на годината, иако, според анкетите во Франција, до 70 отсто од луѓето ја отфрлаат таа реформа.

-Не можам да бидам реизбран. Не гледам на рејтингот, го правам она што и треба на земјата. Тоа не беше забавно за мене, но мораше да се направи – рече претседателот.

Контроверзната пензиска реформа беше протуркана низ парламентот од владата на Макрон без формално гласање. Владата тогаш едвај преживеа две гласања за недоверба со тесно мнозинство, а во многу француски градови се уште траат насилните протести.

-Мислам дека е штета што не успеавме да ги убедиме сите. Не сум среќен поради тоа, но не се каам – рече Макрон.