Макрон: Неопходна е силна Еврокомисија заради спречување кризи

53

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се формира силна нова Европска комисија за да се спречи каква било политичка криза. Изјавата ја даде откако европратениците го отфрлија францускиот кандидат за еврокомесар.

– Мислам дека е императив да се има силна Европска Комисија, која ќе спроведува амбициозни проекти, изјави Макрон во Париз, на заедничката прес конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Францускиот претседател додаде дека не смее да се дозволи развивање политичка криза, откако беше ставено вето на Силви Гулард, кандидатот за комесар на Париз.