Македонци уапсени во Белград: Ограбувале куќи, со специјален алат отворале блиндирани врати/ВИДЕО

3474

Тројца Македонци се приведени од спрското МВР под сомнение дека вршеле тешки кражби во станови и куќи на територијата на Белград, јавува Блиц.рс.

Уапсените се на возраст од 23 до 31 година, а едниот од нив поседува спрско државјанство.

Одредена им е мерка притвор во времетраење од 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.