Македонско-словенечка претстава: „Девојчето со жиците“ – најдобра на „Виминациум фест“

74

„Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак, композитор и режисер од Битола, е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест –  стари и нови митови“ кој се одржа на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.

Наградата едногласно ја додели стручно жири, според кои претставата е најдобра на годинашниот фестивал, а авторот Неќак презентирал софистицирани уметнички средства и силна музичко-драмска композиција за потресна, но истовремено и нежна претстава.

„Девојчето со жиците“ е современа драмска опера, копродукциски проект на Подвижен музички театар (Moving Music Theatre) од Битола и Словенско народно гледалишче од Љубљана. Во претставата  настапија словенечките актери Барбара Церар и Урош Фурст.