Македонски учебници и сè е можно – дополни за да биде (не)точно!

166
фото Твитер: @Lajka_od_svemir

Дополни за да биде точно (учебник по македонски јазик за I одделение). Овој коментар заедно со сликата од учебникот од кој првачињата ги учат првите букви, на твитер се објавени на профилот Лајка @Lajka_od_svemir, што предизвика лавина реакции.

Ова е само една од грешките кои се појавија во новите учебници кои основците ги чекаа со месеци за да ги добијат. Родители почнаа да реагираат на социјалните мрежи посочувајќи дека во нов учебник за петто одделение има податок дека највисоката точка на Земјата, Монт Еверест е на 29.031 метар надморска височина?! Односно, според овој учебник највисокиот врв на светот кој се наоѓа на Хималаите е повисок за речиси 20.000 метри, бидејќи неговата вистинска висина е 8.849 метри.