Турскиот град на Босфор, кој за секое око е вистинска атракција, се покажа како одличен домаќин, а особено голема љубезност домаќините покажале кон девојките од Македонија и кон македонската екипа. Веројатно има зошто е тоа така

На изборот „Мис Евроазија 2020“, кој викендов се одржа во хотелот „Хилтон“, во Истанбул – Турција, нашата држава ја претставуваа Кристина Поптрпева и Елена Петреска. Турскиот град на Босфор, кој за секое око е вистинска атракција, се покажа како одличен домаќин, а особено голема љубезност домаќините покажале кон девојките од Македонија и кон македонската екипа. Веројатно има зошто е така. Можеби поради традиционалните вековни врски кои постојат помеѓу Македонија и Турција.

Како и да е, нашите девојки ни донесоа дури три титули и предизвикаа вистински медиумски метеж. Освен што беа најфотографирани од стотината присутни фоторепортери, тие дадоа и интервјуа во кои гордо кажуваа за својата татковина!
Кристина Поптрпева освои две титули: Мис талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната „Стаѕ“ од Ријана. Но, исто така ја понесе и титулата Мис кетвок (Мисс Цатњалк), признание за најдобро движење на писта.

Втората претставничка Елена Петреска се здоби со титулата Мис туризам Евроазија 2020. Нашите претставнички на изборот настапија преку модното студио „Црнокрак.
На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија.
Фустаните во кои се претставија убавите моми Македонки специјално за нив ги изработи нашата позната дизајнерка Лумније Локи.

(Мики Црнокрак, од Истанбул, за ВЕЧЕР/vecer.press)