Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најзаслужен за освоениот трофеј на Бон во Лигата на шампионите на ФИБА откако во финалето против Хапоел Ерусалим (77:70) постигна 29 поени и сосема заслужено ја освои МВП-наградата.

Интересно е тоа што на спротивната страна, но како тренер, беше поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ, кој пред неколку дена се збогува со својата мајка, но собра сили и се појави на одлучувачкиот натпревар за трофејот, кој, сепак, замина во рацете на противничкиот тим.