Македонски камион се преврте во Хрватска, возачот е повреден

105

Камион со македонски регитерски таблички, се превртел во Хрватска, а возачот е повреден, јавуваат хрватските медиуми.

Несреќата се случила на автопатот АЗ Брегана-Загреб-Липовац денеска околу 17 часот.

Како што јавува „Јутарњи лист“, камионот имал платформа за транспорт на возила, а при превртувањето неколку од автомобилите испаднале од платформата.

Поради несреќата, дел од автопатот бил блокиран, а сообраќајот бил пренасочуван по околните патни правци.

Фото: Jutarnji.hr