Македонските фудбалери-специјални гости на концертот на Симон Трпчески во Букурешт

58

Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб.

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.

Македонските фудбалери утре со почеток од 15 часот на националната арена во Букурешт против Украина го играат вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.