Европската ракометна федерација ја казни Ракометната федерација на Македонија со 2.000 евра поради различна боја на чорапите на ракометарите кои играа против Словенија.

Ова не е прва казна, бидејќи имаше ист ваков случај и на Европското првенство во Хрватска, но тогаш беше пониска.

Македонската репрезентација денеска го игра вториот натпревар на шампионатот против Црна Гора во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.