Македонските кошаркарски кадети поразени од Летонија

48

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва во драматичен натпревар од Летонија со 87-73 (65-65) по продолжение во разигрувањето за пласман од 9 со 12 место на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје.

Македонските кошаркари испуштија победа во регуларниот дел кога на 11 секунди пред крајот при водство од 65 – 64 не искористија две слободни фрлања по што загубија во продолжението.

И покрај вечерашниот пораз, македонските кошаркари од претходно го обезбедија опстанокот во европската елита и во завршниот натпревар на Европското првенство ќе играат против поразениот од дуелот меѓу Црна Гора и Полска за пласман на 11 место.