Македонската кошаркарска репрезентација го стартува последниот квалификациски прозорец за пласман на Мундобаскетот во 2023 година.

„Црвено-жолтите“ утре (19:30) ќе го одиграат претпоследниот натпревар од групната фаза, а за противник ќе го имаат големиот фаворит Шпанија, меч кој ќе се одигра во Сарагоса.

Инаку, нашата селекција има тешка мисија пред себе, кога за пласман понатаму, ќе мора да извојува убедлива победа (над 17 поени) над Украина на домашен терен, в понеделник.