Македонскиот репрезентативец Џекоб Вајли беше претставен како нов играч на Касадемонт Сарагоса.

Американецот со македонски пасош во интервјуто дадено за официјалниот сајт на новиот тим истакна дека е задоволен од приемот што го имал во новата средина и првиот меч кој го очекува, денешниот дуел против Хувентуд за кој настапува репрезентативниот колега Ненад Димитријевиќ.

  • Сите ме пречекаа со раширени раце. Благодарност до соиграчите и стручниот штаб што ми го олеснија создавањето на многу позната атмосфера во која адаптацијата беше многу полесна, потенцираше македонскиот репрезентативец.