Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски со златен медал на турнирот за германската Граплинг лига

311

Македонскиот вундеркинд по потекло од беровско Русиново, Кристијан Воденски, по неколку месечна пауза, повторно им се врати на борбите во граплинг. На последниот натпревар, кој се одржа како дел од детската Граплинг лига освои нов златен медал како дел од екипата на „Пирана ММА“ под водство на тренерот Омар Пикјоти

– По  една година пауза се вратив повторно, подобар и посилен. Минатата недела освоив златен медал на турнирот за германската Граплинг лига за деца, кој се одржа во градот Ашафенбург, додека во неделата победив на турнирот Граплинг ГМЦ. На овој натпревар од четири настапи забележав четири победи. Убаво е чувството кога по пауза поради повреда повторно им се вратив на победите – вели Воденски.

Кристијан Воденски е 14-годишно момче, кој со семејството долги години живее во градот Офенбах, во близина на Франкфурт, Германија, од мале нозе се натпреварува во повеќе спортови.

Тој е германски НАГА-шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016, Европски НАГА шампион во 2014 и 2015, НАГА шампион од Монако во 2015 година, ИСКА К1 шампион од 2015 и ВКУ кик-боксинг шампион од 2015 и 2016 година.

Иако живее во Германија, самиот вели дека успесите ги чувствува и како успеси на Македонија.