Турли тава е традиционално македонско јадење кое се подготвува во многу домаќинства. Многу е вкусна за јадење, но и здрава, бидејќи изобилува со многу зеленчук. Се подготвува со месо, но многу е вкусна и посната тава, за оние кои не консумираат месо.

Ви предлагаме веќе пробан рецепт, и нема да згрешите доколу го подготвите, а за вкусот ќе раскажувате.

Потребни состојки:

  • 700 гр свинско месо
  • две пиперки
  • две главици кромид
  • половина главица лук
  • 1 црн патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 200 гр бамји
  • 2 поголеми компири
  • три црвени домати (и 200 мл доматен сос)
  • два моркови
  • магдонос (околу половина китка, сецкан)
  • зачини – сол, бибер, магдонос, црвен пипер

Подготовка:

Месото се сече на коцки, а потоа и целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња и се става во тава. Многу е вкусна ако ја печете во земјана тава.

Измешајте го целиот зеленчук со месото и зачините во тавата и посипете доматен сос и од горе наредете кругови црвен патлиџан.

Печете на 200 степени, прво покриена со фолија додека не зоврие, а потоа тргнете ја фолијата и печете околу 45 минути, или додека зеленчукот убаво да се потпече.

Навистина ќе уживате во вкусот. На здравје!