Македонската Еспорт Асоцијација организира онлајн гејминг викенд

184

Македонската Еспорт Асоцијација викендов организира натпреварувања во три игри и тоа: Dota 2 со натпреварување 1 против 1 во сабота, мобилната игра и интернационална сензација Clash Royale во недела и во понеделник турнир во шах.

Организаторите информираат дека натпреварувањата ќе се одвиваат онлајн поради состојбата со  Ковид-19 и ќе се пренесуваат во живо на интернет платформата за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports.