За успехот на Ана Марија почнаа да се редат безброј коментари… „Убавица на мама Сандра, браво мајко што си ја родила… За успесите може да учи само од нејзиниот успешен тато Дарио… Да е здрава и жива и уште за 100 години вака убава… Македонија раѓа само вакви девојки, ем убави ем умни… Само напред со крената глава, ти ни ја осветли татковината…“

Скопјанката Ана Марија Јанковиќ (родум Битолчанка) е ќерка на познатиот македонски режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ-Генерал (некогашен папарацо во Мкд-таблоид “Свет“) и има само 20 години. Доволно многу време за понатамошната Меѓународна кариера, која нестрпливо ја чека, секако таму некаде во белиот свет. А, дека не грешиме во констатацијата, докажа токму оваа нашата Македонка, минатиот викенд, за време на одржувањето на славниот „Кански фестивал“, освојувајќи ја Интернационалната титула „Мис туризам 2022“ на Изборот, во градот Кан.                    Со тоа Ана Марија e сега во првите топ-три европски убавици. Изборот се одржа во една луксузна приватна вила резервирана само за селебрити ликови, а во организација на „Фешн ТВ стар“(Miss Movie Star). На тој настан дојдоа многу поканети познати гости, личности од светот на филмот и уметноста, кои и на директен начин се соочија со македонска природна убавина.

Откако македонската јавноста дозна за успехот на Ана Марија, почнаа да се редат безброј коментари: „Убавица на мама Сандра, на која многу личи, браво мајко што си ја родила… За успесите може да учи само од нејзиниот успешен тато Дарио… Да е здрава и жива и уште за 100 години вака убава… Македонија раѓа само вакви девојки, ем убави ем умни… Само напред со крената глава, ти ни ја осветли татковината во овие лоши времиња…“.
Ана Марија е инаку, долгогодишна членка на познатата белградска модна агенција Real Woman Agenc . Зад себе има многу успешни настапи на светските модни сцени, а често се појавува како горда Македонка и еден од посакуваните ликови во голем број реклами на модните брендови од Македонија, поранешна Југославија, Европа и САД.

Ова лето таа ќе биде максимално ангажирана на многу ексклузивни настапи со кои ќе си ја збогати историјата на сопствената кариера. И секако со силна поддршка и радост на нејзините прекрасни родители. (Д.Миќиќ)