Македонија ќе се придружи на Иницијативата за здравство на Бил Гејтс

152

Нашата држава ќе се приклучи кон Иницијативата на Бил Гејтс за перформанси на примарна здравствена заштита која ќе овозможи вмрежување и пристап до меѓународна експертиза во здравствената заштита.

Оваа одлука денеска ја донела Владата на 136-та седница, а како што соопшти владината прес-служба, вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зајакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здравствена заштита.

-Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската здравствена организација и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здравствена заштита. Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здравствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здравствена заштита. Северна Македонија станува дел од ова тело, на покана токму на Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита, појаснуваат од Владата.