Македонската сениорска одбојкарска репрезентација забележа втора победа на Европското првенство, овој пат над домаќинот Словенија со 1-3 по сетови (24-26, 28-30, 25-19, 24-26).

„Спартанците“ го одиграа најдобриот натпревар на овој континентален собир, а посебно се истакнаа во четвртиот сет кога се извлекоа од бездната и запишаа херојска победа над домаќинот кој не знаеше за пораз.

Словенија сонува за медал, но Македонија покажа дека има огромен квалитет, а сега се чека на останатите мечеви, за да се види дали ќе се пласираме во нокаут фазата која ќе се игра во Нант, Франција.

Најдобар поентер во нашиот табор беше Никола Ѓорѓиев со 24 поени, додека Александар Љафтов имаше 17 поени. Кај словенечките одбојкари, прво име беше Ален Пајенк со вкупно 19 поени.