„Ова е моето прво доаѓање во Македонија, во земјата во која доживеав фантастично гостопримство, имав фантастична публика, а ја имав и перфектната организација“

Армијата фанови си дојде на своето. Со настапот на Tyga, светски популарната музичка ѕвезда од хип-хоп сцената, конечно го добивме одговорот на најголемата мистерија: Дали е можно во нашата држава за првпат во историјата да дојде актуелна светска мегазвезда со својата програма? Одговорот е Да, може. Тој дојде и публиката ја остави без зборови.

Со тоа “Fusion Festival“ го оствари невозможното. На стадионот на АРМ во Скопје бевме сведоци на тоа Светско Чудо со фантастичен перформанс, на пионерот на современата хип-хоп сцена, токму тој атрактивниот Tyga. -Ова е моето прво доаѓање во Македонија, во земјата во која доживеав фантастично гостопримство, имав фантастична публика, а ја имав и перфектната организација. Ветувам дека повторно ќе се дружиме и лудуваме, нема долго време да ме чекате, бидејќи и јас сакам пак да сум тука во Македонија, раскажа со големо задоволство популарниот Tyga.

Едно од најголемите задоволства е и тоа што менаџментот на Tyga дозволил целото македонско шоу да се снима, па во наредните денови очекувајте видеоматеријали од скопскиот спектакл. На сцената со хип-хоп музичарот имаше и многу згодни девојки кои го докомплетираа врвниот настап на Tyga. Секако, ова воедно претставува огромен успех на “Fusion Festival“ со кој може да се гордее цела Македонија.  Светскиот настап со Tyga на македонска почва, со одлични перфоманси, го споделија и нашите претставници на современата хип-хоп сцената: Irie Scrach, Dj Pancho aka Shorty P и Young Dadi, со фантастична завршница на нашиот најперспективен диџеј Ампов!