Македонија У18 трета на силниот турнир во Чешка

63

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место во 26. издание на силниот меѓународен турнир  Вацлав Јежек во Чешка, каде освен нашата и домашната селекција учествуваа и Украина, Словачка, Латвија и Унгарија.

По освоеното второ место во групната фаза (пораз 2:1 од Украина, и победа 3:2 над Словачка) денес Македонија У18 беше убедлива и со 3:0 ја победи соодветната репрезентација на Унгарија во натпреварот за третото место на овој силен турнир.

– Овие момци го потврдија тоа дека во нив има квалитет кој допрва ќе дојде до израз и потврдија дека победата над Словачка беше заслужена. Жалиме за поразот од Украина, бидејќи бевме подобри, но одиме напред кон нови предизвици. Верувам во овие момци и знам дека можат повеќе. Ова победа му ја посветуваме на нашиот голман Марко Алчевски кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Сите ние му посакуваме што побрзо да се врати на зелените терени”, изјави за веб страната на ФФМ селекторот Арслани.