Македонската женска фудбалска репрезентација претрпе тежок пораз на домашен терен од Австрија 0:6 во рамки на второто квалификациско коло за Светското првенство кое ќе се игра во 2022 година и останува на дното во квалификациската група.

Разликата во класи меѓу двата тима беше евидентна, а Австрија покажа зошто е редовен учесник на големите натпреварувања. Фаворитот до бодовите во Скопје дојде лесно, со допадлив фудбал и тотална контрола на играта.

Квалификациите за Македонија продолжуваат во месец октомври, со гостински натпревар кај Летонија (23 октомври).

Фото: П. Стојановски