На три недели до стартот на Зимските олимписки игри во Пекинг (4 – 20 феруари), познати се македонските претставници. Тоа Дердан Дехари, Ана Цветановска и Ставре Јада.

Ана Цветановска ќе ја претставува Македонија во крос кантри. Тааима ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

Во крос кантри ќе не претставува и Ставре Јада со ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).Во крос кантри ќе не претставува и Ставре Јада со ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Дардан Дехари ќе ја претставува Македонија во слалом. Тој има ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29. јануари, а во Скопје ќе се врати на 21. февруари.