За настап на Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“, кој ќе се одржи на 12 и 13 ноември во малата сала на „Борис Трајковски“, пријавени се боксери од 10 држави, информираат од Боксерската федерација на Македонија.

Златниот гонг годинава слави јубилеј 50 години од одржувањето на првиот турнир, а учеството досега го потврдија од Англија, Велс, Р. Ирска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Италија, Црна Гора, Украина и Бугарија. Меѓутоа организаторите очекуваат потврда за настап и на боксери од Словенија, Албанија и Турција. Можно е на „Златниот Гонг“ за првпат да настапат и боксери од Хонг Конг и Шри Ланка, како и федерацијата на Молдавија.

Македонија на Златниот гонг ќе ја претставуваат: Адријан Џемили, Оран Шакировски, Јасим Лама, Лион Лена, Алим Насуфи, Лео Јовановски и Арсим Етеми, а ќе ги водат тренерите Ружди Калач и Петре Чурлиновски.