Македонската сениорска ракометна репрезентација би можела да добие место на завршницата, на Светското првенство во Египет, на почетокот од наредната година.

„Црвено – жолтите“ би добиле шанса да играат на Мундијалот поради откажувањето на квалификациите во Средна и Јужна Америка. На овој трнир требаше да настапат репрезентациите на Парагвај, Чиле, Колумбија и Ел Салвадор. Иако дел од прогнозите се дека Чиле ќе биде земјата која ќе добие билет за настап на Светското првенство од Јужна Америка, загриженоста поради ширење на коронавирусот може да биде причина оваа земја воопшто да не стапне во Египет на почетокот од наредната година.

Но, тоа не е се, бидејќи поради лошата состојба со коронавирусот пред откажување е и квалификацискиот турнир во Северна Америка и Карибите.

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во најскоро временски период треба да ја донесе одлуката за последните две места (од Северна Америка и Карибите и Средна и Јужна Америка), но големи се шансите една од овие вајлд – карти да и припаднат на Македонија.

Македонија извси при делењето на двете вајлд – карти за Европа, кои ги добија селекциите на Полска и Русија, меѓутоа кај челниците на РФМ има оптимоизам дека ќе го добијат билетот за Мундијалот со што ќе биде одржан континуитетот на големите натпреварувања.

Македонија за пласман на овој шампионат требаше да игра бараж против Франција, но поради коронавирусот одлучено е на СП да патуваат најдобрите 14 селекции на Европското првенство, а нашата ракометна селекција заврши на 15 – то место.