Македонија седма на листата на топ десет најпланински земји во светот

223

Македонија е седма на листата на топ 10 најпланински земји во светот според сајтот World Population Review. Иако Швајцарија генерално ја сметаме како попланинска од нас, заради височината на Алпите, Македонија со 85,5 проценти од вкупната територија која е покриена со планини, на таа листа е една скала пред Швајцарија (83,6%).

Бутан чија територија во однос на процентот на планините од вкупната територија (98,8%) е на врвот на оваа листа.

– Околу 20% од копното на Земјата е покриено со планини, вклучувајќи ги и познатите венци како што се Хималаите во Азија, Карпестите Планини во Северна Америка, Евроазиските Алпи и Андите во Јужна Америка. Многу планински земји се рангирани меѓу најубавите земји во светот, а планините исто така овозможуваат широк спектар на уникатни активности на отворено, вклучително скијање, сноуборд, планинарење, планинарење, трекинг, качување по карпи, планински велосипедизам, бас скокање, летање со летање и многу повеќе – велат во статијата на World Population Review.

Од SkiMacedonia сметаат дека имплементација на стратегии за одржлив развој, не само како празни теории, туку практични решенија според швајцарскиот пример и модели, се гаранција за стабилна економска егзистенција и развој во сферата на туризмот, енергетика, земјоделие, шумарство.

– Бројните запуштени планински села треба да станат егзистенцијална платформа за новите модерни онлине генерации. Асфалт, вода и интернет во секое населено планинско место, наспроти концентрирана бетонизација на животните навики во големите урбани точки – нагласуваат од SkiMacedonia.

(С.Бл.)